Веќе неколклу месеци селските амбуланти во Дебрца не работат. Лекарите  кои стравуваат дека нема да имаат доволен број пациенти за да склучат договор со Фондот за здравство не се пријавуваат на јавниот повик за концесионирање на амбулантите во оваа општина. Поради ова граѓаните, претежно стари и изнемоштени лица, на лекар мора да патуваат дури до Охрид.

Дел од амбулантите не работат вели Ѓорѓи Трпчески претседател на Извршниот одбор на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца.“ Се надзира решавањето на проблемот, пријавен е  веќе лекар кој ќе ги опслужува селета Велмеј и Лешани, а има заинтересиран лекар кој ќе ги опослужува и селата Сливово, Арбиново, Слатино и Издеглавје. Очекуваме секој ден да бидат отворени овие амбуланти, но останува сеуште нерешено  прашањето со амбулантата во Белчишта“, вели Трпчески.


Ѓорѓи Трпчески

Здружението на пензионерите од Нова Година најавува зголемување на средствата од солидарниот фонд  за посмртнина од 28.000 на 30.000 денари, а како најголем приоритет во 2007г. останува барањето за зголемување на пензиите. Трпчески вели дека оваа година не се реализира барањето усогласувањето на пензиите со порастот на трошоците за живот да се врши со 80%, наместо со 40%, поради што пензионерите добиваат помалку пари.