Мексикански селани убиле 7,6 метри долга змија од страв дека толку големо суштество би можело да проголта дете. Уплашените мештани и ја отсекле главата на змијата откако била забележана како лежи во близина на железничката пруга. Токму патниците од возот кренале узбуна откако ја виделе змијата која возот сопрел во селото Бенито Хуарез. Потоа на сцена стапиле селаните вооружени со стапови и мачета, во моментот кога змијата се спремала да отползи во грмушките.

Борците за заштита на животните велат дека одоговорните би можеле да се соочат со обвиненија, но мештаните не се каат и порачуваат дека имале право да ја заштитат стоката, но самите себе од огромното суштество. Еден од селаните рекол дека никогаш не видел толку голема змија и било јасно дека претставува опаснот и за луѓето и за стоката. Други змијата, жител на една пештера во близина, ја обвинуваат за исчезнувањето на неколку млади животни во тоа подрачје. Во почетокот мислеле дека за тоа се виновни орлите. Инаку, убивањето на змијата било откриено сосем случајно. Селаните се спремале да ја отстранат убиената змија кога мртвото животно го воочил еден турист и ја фотографирал.