Не може само преку обвинител, па дури и да биде специјален, да се реши кризата во Македонија. Функционална правна држава може да има тогаш кога ќе имаме деполитизирано и некорумпирано судство вели градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села, коментирајќи го изборот на Катица Јанева за специјален јавен обвинител.

Специјалниот обвинител какви и да собира материјали со кои ќе се обрати, сепак ќе се обрати во овдешните судови, а тие судови се политизирани и корумпирани и однапред се знае исходот од таквите постапки кои ќе ги започне, еве овој многу добар специјален обвинител, изјави Села.

Вели дека сепак го поздравува постигнатиот договор за избор на специјален јавен обвинител со цел излез од кризата, но додава дека се надева дека дијалогот ќе продолжи и понатаму.

OhridNews