По еден цилкус пауза, на сцената се враќа женската кошаркарска репрезентација. Преку натпреварите во Б дивизијата  девојките ќе се обидат да се стигнат до европската елита. На жредпката која викендот беше извршена во Венеција, Италија, црвено – жолтите за свои противници ги добија селекциита на Луксембург, Португалија, Естонија и Шведска.

Гостувањето во Охрид на лидерот во женскиот шампионат Вигор Скопје го искористивме да поразговараме со селекторот на девојките Видое Секуловски за плановите врзани за женската кошаркаска репрезентација. Според селекторот може да бидеме задоволни од тоа како поминавме на ждербката.

–    Нема ништо лесно, но ако ја погледнеме онаа другата група може да бидеме задоволни. Имаме два тешки противника во името на Португалија и Шведска додека ништо повеќе не заостанува и Естонија.Според информациите со кои располагаме селекцијата на Лукембург не би требало да преставува поголем проблем. Во секој случај за нас најважно ќе биде да прикажеме добри игри – изјави за ohridnews Видое Секуловски.


Пред нов предизвик – Видое Секуловски

Во договор со првите луѓе од федерацијата прпопуштен е еден циклус, а периодот кој следи би се искористил да се направи еден микс во кој би се подмладила репрезентацијата .

–    Акцентот во овај период ќе го ставиме на младите кои би требало да го надополнат онај костур на екипата. Очекувам неколку кошаркарки да се вратат во репрезентацијата, и ако успееме да го реализираме во целост замисленото не би било чудо доколку успееме да изненадиме некого во овие квалификации – завршува селекторот Секуловски.

Квалификациските натпревари во “Б“ Дивизијата во 2008 година ќе се одиграат на 27 и 30 август и на 3, 6 и 10 септември.