Марјан Секуловски ќе биде новиот тренер на ФК Охрид дознава Оhridnews. Секуловски кој во минатото ги водеше екипите на Пелиcтер и Силекс, деновиве ќе седна на охридската клупа.

Поради пријателскиот натпревар Македонија – Катар во втората МФЛ следува десетдневна пауза па Секуловски ќе има време да се запознае и да поработи со екипата.

Охрид по седум кола има само три бода и се наоѓа на претпоследното 13 местоо. Во наредното коло на 17 октомври на домашен терен ќе го пречека Новаци.

М.П.