Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски деновиве го заврши пренуркувањето на Охридското Езеро од албанската страна и повторно премина на македонскиот дел, кај Свети Наум. Нуркањето во Албанија, Секулоски го реализира придружуван од нуркачи од Нуркачкиот клуб „ Драгој“ од Поградец .  

Во наредниот период преостанува да се пренурка уште последната третина, источното крајбрежје на езерото.  

Проектот за пренуркување на Охридското Езеро Милутин Секулоски го започна на 28 феввруари. Предвидено е тој да ги пренурка 80-те километри крајбрежен дел за 3-4 месеци.

OhridNews