Од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште информираат дека се организира прием на правни и физички лица кои ќе можат да се информираат и постауваат прашања кои ги засегаат од областа на урбанизмот.
Приемот на правни лица ќе се врши секој понеделник и четврток од 14 до 16 часот. Приемот на граѓани ќе биде секој вторник, среда и петок од 14 до 16 часот.
Од Секторот напоменуваат дека приемот ќе се врши врз основа на претходно подготвен список, односно исклучиво по претходно закажување на телефонските броеви 046 262492 и 046 262493.
OhridNews