Сексуална работничка од еротски клуб во Чешка со киселина повредила четири лица, но и самата себе, соопшти чешката полиција. Според тврдењата на очевидците, во еротскиот клуб во центарот на П’лзењ, сексуалната работничка по расправија, фрлила киселина врз двајца мажи и една жена кои биле итно пренесени во болница, а не е јасно како уште еден маж се здобил со повреди на главата.

„Полицијата успеа во еротскиот клуб да ја упаси 46-годишната жена“, изјави портпаролката на полицијата.

Инаку, во  П’лзењ во 2013-та година, љубоморен Чех со киселина го поли лицето на неговата поранешна жена која заврши со тешки повреди. Мажот беше осуден на 23 години затворска казна.