Еден млад руски бизнисмен, Сергеј К., се обложил со две девојки Алина А. и Галина З., дека може да има сексуален однос 12 часа без прекин. Меѓутоа, овој сексуален маратон имал катастрофални последици по неговиот живот, тој починал веднаш по завршувањето на чинот.
Девојките кои ги запознал на работа и со кои се обложил му ветиле 200 000 рубљи (нешто повеќе од 4 000 евра) доколку го исполни ветувањето, па 28годишникот се потрудил да не ги разочара. По влегувањето во станот испил неколку таблети вијагра, а за време на односот јадел ореви со мед, кои традиционално се сметаат за афродизијак. Сексуалниот маратон навистина траел 12 часа, така што Сергеј го добил облогот, но на крајот на чинот, го изгубил животот. Докторите сеуште немаат утврдено дали момчето починало од исцрпеност или од прекумерно внесување на стимуланси.