Иако од денешна перспектива претпоставката дека само за неколку десетлетија сексот со роботи ќе биде остварлив, а веројатно и општоприфатената општествена појава звучи неостварлива, експертите се спремни да ги уверат скептиците дека таков егзибиционизам е можен.


Ако го земеме во предвид фактот дека повеќето од научнофантастичните прогнози кои во дваесеттиот век се остварија ги најавија креативни умови како писатели, поети или филмски режисери, а не експертите за научна фантастика или футуролози, тогаш ниту најновата теза на Дејвид Леви изнесена во неговото дело : Љубов и секс со Роботи:Еволуција на човек-робот врските, никако не треба да се елиминира.

Леви, инаку експерт за вештачка интелигенција, во својата книга пишува за вечното прашање за односот помеѓу луѓето и роботите. Авторот односот помеѓу роботот и човекот го гледа како еден од начините за задоволување на човековите сексуални потреби. Со оглед на тоа дека до 2025 година роботите физички треба во целост да наликуваат на луѓето, границите помеѓу машините и живите суштества нема да бидат лесно забележливи. Но тука не е крај на сите контроверзии затоа што Леви го најавува и уживањето во маратонски секс.

Тезите на Леви поттикнаа најразлични мислења, а едно од нив го дава познатиот руски психолог Александар Кантор. Поаѓајќи од биолошките факти, Кантор смета дека опседнатоста со маратонски секс е карактеристична за адолесцентската возраст во која машките сексуални искуства претпоставуваат длабоко врзување или љубов, делумно заради зголеменото ниво на хормони, а дел заради страв од врзување кое бара посложени и непредвидливи емоции.

Сајбер-технолошката направа лесно ќе може да се контролира и така на машките ќе им пружи чувство на надмоќ и контрола над своите чувства, а и помала зависност од жените и нивните очекувања, претпоставува Кантор. Рускиот психолог смета дека маратонскиот целодневен секс е една од машките фантазии, која биолошки гледано, нема големи изгледи за реализација.

Идејата за физичка љубов помеѓу луѓето и роботите не е толку нова, таа е позајмена од „Вештачка интелигенција“, филмски хит на Стивен Спилберг во кој се зборува за природата на односот на технолошките машини и луѓето. Како еден од главните ликови се појавува робот-љубовник наречен Жиголо Џо (го глуми Џад Ло).

Токму во „Машините за водење љубов“ Игор Кон, руски сексолог, гледа нови можности за развој на сексуалните помагала. „Луѓето денес користат гумени кукли и разни пластични стимулатори. Верувам дека тие машини ќе бидат далеку поатрактивна алтернатива. Тоа е неизбежно затоа што секоја технолошка иновација со времето се проширува и на подрачјето на сексуалниот живот.“-истакнува Кон. Добар пример  се користењето на телевизијата и интернетот во порно индустријата.


Леви се држи до тоа дека роботите-љубовници ќе им помогнат на луѓето кои имаат потешкотии со пронаоѓање на партнер, како што се инвалидите или оние кои се срамежливи и асоцијални. Со слично гледиште е и Кантор, кој смета дека роботите ќе можат да се програмираат по желба на оние кои ги користат, па така некои можеби сакаат „латино-љубовник“, други „романтична девојка“, а трети „femme fatale” заводничка.

Во разгледувањето на таквите односи сите тројца се сложуваат околу она што и понатака останува неизбежно. Иако роботите можат да бидат од голема помош за луѓето, во таквиот однос сепак не  е можно да се оствари она што се остварува во односот помеѓу луѓето,  тоа се карактерни и емоционални особини кои се својствени и разбирливи само за оние кои имаат душа. А тоа повторно не враќа на почеток и главната тематика на Спилберговиот филм.