Властите во мексиканската држава Гвереро, позната по популарните летувалишта, ќе вработи атрактивни девојки да работат за локалната туристичка полиција. Убавиците на возраст од 18 до 35 години ќе работат во тесна соработка со федералната полиција, воглавно по хотелите во Акапулко, а ќе се грижат за безбедноста на странските туристи. Покрај убавиот надворешен изглед, девојките ќе мора да имаат најмалку средно училиште и да зборуваат странски јазици, изјавил министерот за јавна безбедност Рамон Алмонте Борха.


За секси полицајките ќе се направат и посебни униформи. Владата ја донела оваа одлука како би се зголемил бројот на странски туристи, бидејќи туризмот претставува трет по големина извор на приход за оваа земја, после извозот на нафта и девизните трансфери на мексиканските имигранти. Во туризмот работат околу шест милиони мексиканци, а минатата година приходите од него изнесувале 12 милијарди долари.