Антонио Конте успеа да го прероди Интер по доаѓањето на клупата ова лето и го промовира во најсериозен кандидат за земање на титулата од Јувентус, а сега признава дека една од тајните на успехот е во тоа што им објаснувал на своите фудбалери како да практикуваат секс додека трае сезоната во Серија А.
50-годишниот Конте во интервју за францускиот „Л`кип“ признава дека се обидува да им го контролира сексуалниот живот на своите фудбалери со одредени правила – да вложуваат што е можно помала физичка активност во сексот, секогаш да бидат долу и да бидат интимни само со своите сопруги.
За мене, натпреварувањето е битка. Тоа е твоја смрт – мој живот. Фокусиран сум на работата и правам се за мојот тим. Тоа е мојот начин на живеење и ми носеше преран крај на кариерата. Секак, и во сексот мора да има правила. Не треба да трае долго, мора да има што е можно помалку напор. Затоа, треба да останете под партнерот. И ако е можно, тоа да биде со сопругите бидејќи со другите… Па, потребна е дополнителна акција. – вели Конте.
„Нероазурите“ се второпласирани на табелата во Серија А со само бод помалку од лидерот Јувентус.
OhridNews