Кинезот Чен Дејун од Шуијианг пиел по 3,5 литри бензин против болка секој ден во изминативе 42 години. Верува дека бензинот му помага. Започнал да пие 1969 година. Кашлал и чувствувал болка во градите. Бидејќи класичната медицина не му помогнала се обидел со традиционалниот лек керозин. Веднаш почувствувал позитивни резултати. После извесно време се префрлил на бензин. Вели дека е тешко да се пресмета колку бензин испил за 42 години, но количина се проценува на околу 1,5 тона.
Неговата сопруга Јуан Хиби и нивните три сина долго се обидувале да го оттргнат од навиките, но се што добивале биле само караници. Лекарите од локалната болница рекле дека нема поголеми здравствени проблеми, освен знаци на емфизем на белите дробови, што е честа последица од хроничниот бронхитис, астма и туберколоза на белите дробови. Му нуделе бесплатен преглед, но тој одбивал. Професорот Фенг Фу верува дека Чен развил отпорност на бензинот, бидејќи во спротивно не би преживеал. Претпоставува дека бензинот му користи како анестетик, бидејќи болката не ја лекувал сигурно.