Истражувањата покажале дека речиси 60 проценти од Европјаните сметаат дека банкнотите се најгнасната работа со која секојдневно доаѓаат во контакт. И не погрешиле. Едни истражување спроведено од Универзитетот Оксфорд покажало дека на просечна банкнота се наоѓаат дури 26 илјади бактерии.
Тестирани биле и поновите банкноти, а на нив во просек имало по 2400 бактерии, а како најгнасни се покажале данската круна и швајцарскиот франк. Но, не мора да стравуваме само од бактериите на банкнотите. Бројните тестирања покажале дека на многу од банкнотите има траги од кокаин и метамфетамин. Затоа експертите препорачуват редоно миење на рацете, а доколку немаме можност за тоа, да избегнуваме допир на рацете со устата и носот.