На Божиќните и Новогодишните празници најмногу им се радуваат децата, пред се поради Дедо Мраз и неговите подароци. Дека и нивните мајки и татковци не се имуни на празничната атмосфера сведочи една неодамна спреоведена британска анкета која открила дека секоја шеста возрасна личност и понатаму му пишува на Дедо Мраз писмо со листа желби, а секоја петта оди да го види.
Третина од возрасните британци помлади од 55 години оставаат чорап за подароци под елката, а исто толку од нив ги одбројуваат деновите до Бадник. истражувањето, со кое биле опфатени 2500 лица, открива дека китењето на елката е омилена традиција. Следуваат посматрањето на светлосните декорации, отварањето на подароците, купувањето на истите, славењето со богатата трпеза и слушањето на празничната музика.