Кошаркарскиот клуб АВ Охрид прв пат го осети горчливиот вкус на поразот во „Билјанини Извори“. Бодовите од Охрид ги однесе составот на Куманово кој славеше со 96-66 во третата рунда од првенството.
Охриѓани, добро го отворија и водеа мечот, имаа и пет поени предност и игра која ветуваше. Но, кумановчани пред крајот на првиот дел уфрлија брзина погоре и го „стишија“ домашниот состав.
Во второто полувреме избраниците на Марјан Србиноски демонстираа квалитет, не дозволувајќи му на Охрид ниту да помисли за поволен резултат.
Сепак, секој пораз не е „страшен“, ако од него се извлечат позитивни поуки кои ќе се користат во идните мечеви.
Петар Чочоровски: Комплетно потрфливме во вториот дел
Марјан Србиновски: Моите играчи не беа присутни во првиот дел
Кошарка 1 лига: Куманово ги однесе бодовите од Охрид
OhridNews