Секој петти жител на Русија сонува за патување во вселената, а скоро половина од населението позитивно гледа на вселенскиот туризам, покажала една анкета. 23% од испитаниците немаат ништо против нивните деца да станат астронаути, додека 64% одговориле дека би се спротиставиле на таквите желби.


Скоро половина, односно48% не гледаат ништо спорно во вселенскоит туризам, а останатите сметаат дека местото меѓу ѕвездите е само за космонаутите. Русите ги учат децата уште од мали дека клучна улога во патувањето во вселената имала Русија, и дека првиот човек во вселената бил Русин и тоа Јуриј Гагарин во 1961 година.