Во Европската унија(ЕУ) во 2013 година 1,1 милион луѓе умреле од срцев или мозочен удар, што изнесува 21,6 отсто од сите смртни случаи на подрачјето на ЕУ, соопшти Евростат.

Од срцев удар во 2013 година умреле 644.000 луѓе, а од мозочен речиси 433.000, објави оваа недела Евростат.

Од 2000 година уделот на срцевите и мозочните удари со смртен исход во ЕУ е во постојан пад. Во 2000 година срцевиот удар бил причина за 16,6 отсто, а мозочниот за 11,5 отсто од смртните случаи, додека во 2013 година нивниот удел паднал на 12,9 и 8,7 отсто.

OhridNews
Извор: „Макфакс“