Секој петти човек е убеден дека околу нас живеат вонземјани, покажала анкетата на агенцијата Испос, со која биле испитани 23 илјади луѓе во 22 држави. Огромен процент од испитаниците, односно 80 проценти од нив, изјавиле дека не веруваат во присуство на вонземјани на Земјата. Оние кои веруваат во тоа во просек се помлади од 35 години.


Истражувањето покажало дека 40 проценти од испитаниците во Индија и Кина се убедени дека вонземјаните маскирани во луѓе живеат меѓу нас. Во Европа во тоа веруваат само околу 8 проценти од испитаниците.