Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе ја продолжи соработката со Црвениот крст и на Европското првенство во фудбал кое идната година ќе се одржи во Швајцарија и Австрија.
УЕФА за секој постигнат гол на Европското првенство ќе уплати на сметката на Црвениот крст по 4000 евра. На тој начин играчите со своите голови не само што ќе им помагаат на своите репрезентации да остварат подобар пласман , туку и на Црвениот крст да собере што повеќе средства.
До сега во разни акции за Црвениот крст собравме 4,8 милиони евра, а сега учесниците на Европското првенство ќе имаат и додатна мотивација, изјавил претседателот на УЕФА Мишел Платини, додека Јакоб Келенбергер додал дека сите пари собрани на Европското првенство ќе се искористат за помош на жртвите од мини во Авганистан.
ohridnews