Околу 1.000.000 луѓе ширум светот живеат со лимфом и секој дене се диагностицираат по речиси 1.000 нови случаи. Според податоците на GLOBOCAN 2008 инцидента во Македонија изнесува 52 лица на 1.000.000 жители.

Денес е светскиот ден на за подигање на свеста за лимфомот – вид на рак кој зачестено се јавува во последно време. За прв пат овој ден бил одбележан во 2004 година, со цел да се подигне јавната свест како за Хочкиновиот така и за Не – Хочкиновиот облик на лимфом, во поглед на препознавање на симптомите, рана дијагноза и третман.

Зоран Стојановски, Раководител на секторот за примарна здравствена заштита при  Министерството за здравство  ја истакна потребата од активно работење на проблемите за осовременување на третманите за лекување на овој вид на малигни заболувања.

Истовремено ја истакна и потребата од уште поактивна соработка на Министерството за здравство со невладиниот сектор, истакнувајќи ја досегашната соработка со Здружението Борка.

Претседателот на Здружението Борка – Биба Додева потенцираше дека Борка имајќи го во предвид недоволното познавање за овој вид на малигном досега организирале неколку едукативни предавања низ Македонија и изработи едукативни брошури и водич за лимфомот, со цел подигање на свесноста на населението за оваа болест.

Воедно го најави зачленувањето на Борка во светската коалиција за борба против лимфом – Lymphoma Coalition во која  ке има статус на полноправен член.

“Горди сме што денеска одбележувајќи го Светскиот ден за борба против лимфомот, можеме и официјално да го објавиме зачленувањето на нашето здружение во најголемата светска асосијација за борба против лимфом – Lymphoma Coalition“

Едукативното предавање за дијагностицирањето, терапевтските методи и начините на третирањето на болеста го оддржа Сања Трајкова, специјалист интернист, магистар по медицински науки од област на хематологија, ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија, Скопје.

“Истражувањата покажуваат дека помалку од 50 отсто од луѓето знаат нешто за лимфомот кој е потенцијална опасност за животот на пациентот, а речиси три четвртини, или 74 отсто од населението не знае дека лимфомот е вид на рак“

Од оваа болест пред неколку дена на 39 – годишна возраст почина актерот Енди Витфилд, најпознат по улогата во телевизискиот серијал „Спартак“.  На актерот пред 18 месеци му беше дијагностициран не Хочкинов лимфом.

OhridNews
извор: „Макфакс“