Веројатно најромантичниот маж од Велика Британија, Том Шовелтон (87) секое утро на перницата на својата сопруга Џоан ставал роза. И така секое утро цели 60 години колку што се во брак. Парот од Велс ја неодамна ја прославил дијамантната годишнина од својот брак. Велат дека цел живот живеат заедно и знаат колку е важно давањето.
Заедно одгледувале цвеќа и ги продавале, а иако се во пензија веќе 22 години и понатака заедно уживаат во градината. Том смета дека малите нешта го прават човекот среќен, и дека доколку повеќе парови правеле несебични гестови би имало многу помалку разводи.