Во светот денеска има половина милион луѓе инфицирани од хепатитис Б или Ц. Според светската здравствена организација-СЗО,  се проценува дека  200 милиони лица односно 3,3% од светската популација, се инфицирани од хепатитис Ц, а 3 до 4 милиони новоинфицирани се регистрираат секоја година. Се проценува дека денес секој 12 човек е инфициран од Хепатитис Ц кој е на 10 место како причина за смртност во светот.

Во Македонија, според податоците на РЗЗЗ,  2% од вкупната популација се проценува дека е заразена од ова болест. Бројот на инфицирани има тренд на зголемување, но поради природата на заболувањето, честиот недостиг на дијагностички тестови, непријавувањето на заболувањето, тешко се доаѓа до прецизна бројка на заболени во нашата земја.

Вирусот хепатитис Ц, кој го оштетува црниот дроб, е откриен 1988 година. Оваа болест се вика уште и „тивок убиец“ бидејќи е атипична и тешко се открива. 19 мај се одбележува како Светски ден на борба против Хепатитис со цел да се анимира пошироката јавност за опасноста од оваа болест.

Ohridnews