Општо е познато дека многу деца денес имаат „дупки“ во знаењето, а тоа го потврдува и едно неодамна спроведено истражување на BBC. Анкетата, спроведена по повод отворањето на нов забавен парк за деца во централна Англија, покажало дека 88 проценти од британските деца знаат дека се наоѓаат на планетата Земја, додека останатите се уверени дека живеат на Сатурн или Марс. Исто толку од нив не знаат дека триаголникот има три агли, а четири проценти од испитаниците одговориле дека оваа геометриска фигура се вика така бидејќи има два агли.

Повеќето од децата умееле да ги препознаат фудбалерот Дејвид Бекам, музичкиот продуцент Сајмон Кауел, принцот Вилијам и премиерот Дејвид Камерон, меѓутоа многу од нив не знаеле што е, на пример, авокадо. Исто така повеќе од третина мислеле дека бубрезите се наоѓаат во главата. Со истражувањето биле опфатени 500 деца на возраст од шест до десет години.