Во пресрет на Новогодишните празници, четирите локални Лајонс клубови се приклучија кон хуманитарна акција под мотото “Секој заслужува полна трпеза”, иницирана од Охриѓанката Ивона Блажеска.

Имајќи ги предвид разните акции во градот за донирање на новогодишни пакетчиња, мојата идеја беше да се фокусираме првенствено на социјално најзагрозените семејства од Охрид и околината. – изјави Ивона, студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје.

Затоа, од вкупно 200 новогодишни пакувања, една третина се пакети со широка палета на хранливи продукти, млеко, сокови, конзервирана храна и основни хигиенски средства, наменети за целото семејство. – истакна  Јаким Маленко, претседател на ЛК Десарети.

Со акцијата ги опфативме оние фамилии за кои редовно организираме слични донации. Притоа, остваривме контакт и со Дневниот центар Зраци, невладините организации ‘Во мојот свет’, ‘Тајните на моето срце’ и Здружението за ретки болести. – рече Д-р Ертан Омероглу, претседател на ЛК Охрид.

Ме радува фактот што четирите Лајонс клубови од Охрид делуваат обединето, особено во вакви услови на глобална пандемија и сеприсутна криза. Ова е најдобар начин да покажеме општествена одговорност и да ги поттикнеме другите организации, компании и поединци да помогнат, особено кога е најтешко. – посочи Проф. Марија Попоска, претседател на ЛК Деници.

Од многу пријатели добивме поддршка за лоцирање на најзагрозените фамилии и несебична помош при набавка, пакување и дистрибуција. Им благодарам на сите и се надевам дека ваквите активности ќе продолжат и во иднина. И’ благодарам на Ивона за прекрасната иницијатива и за сите насмевки што успеавме да ги “украдеме” заедно. Ова не е прва нејзина акција, а сигурен сум дека нема да биде последна. – изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, член на ЛК Лихнидос.

Акцијата за помош на социјални ранливите категории греаќани во пресрет на новогодишните празници ја поддржаа млади волонтери од Охриј

OhridNews