Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 87 прекршоци за неносење лична заштита на лицето: Охрид-25, Струга-23, Кичево-32, Дебар-07.
На прекршителите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 43 контроли врз угостителски и други објекти.
OhridNews