Поради приклучување на повеќе објекти во новата водоводна мрежа на ул. „Јане Сандански“, наредниот период, додека трае реконструкцијата на улицата, секојдневно ќе има прекини во водоснабдувањето, информира ЈП Водовод Охрид.
Прекините во водоснабдувањето на улицата „Јане Сандански“ ќе бидат во периодот 09:00 до 13:00 часот. – соопшти ЈП Водовод Охрид.
Покрај улицата „Јане Сандански“, исто така, поради реконструкција на во наредните две недели и корисниците на улицата „15ти Корпус“ ќе бидат без вода по неколку часа секој ден ,до завршување на градежните работи, извести ЈП Водовод Охрид.
OhridNews