Охрид на пригоден начин денеска ќе ја одбележи 20 годишнината од смртта на големиот македонски пистател Живко Чинго.
По тој повод вечерва во родното село на Живко Чинго, Велгошти, ќе се одржи традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“.На манифестацијата што ќе се одржи пред спомен бистата на писателот, ќе бидат доделени наградите на победниците на конкурсот за најдобар расказ што го распиша Општина Охрид.
Како што е познато првата награда во вредност од 30.000 денари ја освои Смиле Наумоски, писател од Охрид, за расказот „Пред црковните порти“. Добитник на втората награда во вредност од 20.000 денари е Димитар Пандев кој е автор на расказот „Приказна за Џељадинбега,но и за други“, а третата награда ја освои Томе Богданоски за расказот „Екот на векот.
На Конкурсот за најдобар расказ со тематика сврзана за Охрид што годинава го распиша Општина Охрид во знак на сеќавање на познатиот македонски писател Живко Чинго, пристигнаа вкупно 44 раскази.
ohridnews