Во понеделник на 17-ти ноември 2014 година охридската библиотека „Григор Прличев“ ќе се организира сеќавање во чест на Миодраг Павловиќ, добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1970 година.

Миодраг Павловиќ е роден во Нови Сад. И покрај тоа што завршил медицински факултет во Белград, најголем дел од својот работен век поминал во културата. Бил директор на белградското Народно позориште и уредник во издавачката куќа „Просвета“. Член е на Српската Академија на Науки и Уметности.

Творечкото дело на Павловиќ е богато и разновидно: поезија, проза, драми и патеписи, тој е познат антологичар и преведувач. Преведуван е на многу јазици меѓу кои и на македонски јазик.

Културната активност во чест на Миодраг Павловиќ ќе започне во 12 часот во Библиотеката во Прличевата одаја.

OhridNews