Сто и шеесет последователни потреси се случија од вчерашниот земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала во романскиот округ Горж. Земјотресот се почувствувал дури во Србија и Унгарија и со интензитет над 7 во подрачјето на епицентарот. Тоа е најголемата сеизмичка активност во областа во изминатите 200 години, објави Националниот институт за геофизика во Романија.
Оваа област е позната по ниска сеизмичка активност. Она што се случи во понеделникот и вторникот беше изненадување. Нашите анализи покажаа максимален интензитет од 5,5 степени во таа област. Ова се случило само еднаш во историјата, пред околу 80 години, во 1943 година, кога во областа е забележан земјотрес од 5,2 степени, информира директорот на институтот Мирча Радулјан.
OhridNews