Ракометарите на Вардар го совладаа Загреб со 32-29 во пресметката на најтрофејните екипи во СЕХА лигата.

Мечот кој беше последен за „црвено црните“ во спортско рекреативниот центар „Кале“ се одигра емотивно бидејќи таму се врати и Веселин Вујовиќ кој е на клупата од хрватскиот клуб.

Избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутириез прикажаа солидна игра постигнувајќи атрактивни погодоци.

Со оваа победа ракометарите на Вардар ја подгреаја атмосферата пред мечот со Чеховски Медведи во Лигата на Шампиони.

Мх.П.