Македонскиот ракометен првак Вардар сиот свој бес за двата врзани порази во СЕХА го истури врз Ловќен победувајќи го со убедливи 41-23.
Со овој триумф избраниците на шпанскиот ракометен стратег Раул Гонзалес ги зголемија шансите за пласман на завршницата од СЕХА лигата.
Во следната рунда која е претпоследна од регуларниот дел во регионалната ракометна лига „црвено црните“ ќе се сретнат против лидерот Загреб Кроација.
Мх.П.