Актуелниот првак во СЕХА лигата, Вардар ПРО потешко од очекувањата стигна до триумф на дуелот со Нексе 27-25.

Со двата гола во финишот од натпреварот Вардар ги обезбеди двата бодови кои значат многу во борбата за пласман во завршницата од СЕХА лигата.

Најефикасен со пет погодоци беше Прибак, четири постигна македонскиот репрезентативец, а херој на “црвено црната“ армија беше Недановски постигнувајќи ги клучните погодоци за победа.

Мх.П.