Македонскиот ракометен првак Вардар во финалето од регионалната ракометна (СЕХА) лига ќе се сретне со Брест Мешков.

Во полуфиналните натпревари „црвено црните“ беа поуспешни од Загреб 30-22 додека ракометарите на Брест го совладаа Татран Прешов по пенал рулетот.

За ракометарите на Вардар ова трето финале во третото издание на СЕХА лигата. Имаат една титулата, а в недела во 18:30 часот ќе атакуваат на втората.

Мх.П.