Екипата на Вардар на најдобар можен начин со победа над Нексе 27-25 го најави дуелот со францускиот ракометен гигант ПСЖ во Лигата на Шампиони.
Хрватскиот преставник во СЕХА лигата не успеа да им се извлече на „вардарци“ како во мечот со Металург, кој заврши без победник 24-24 туку го положија оружјето пред „црвено црните“ и претрпеа заслужен пораз.
Со оваа победа ракометарите на Вардар избија на чело од табелата со 13 бодови, еден повеќе од второпласираниот Татран Прешов.
Мх.П.