Бранителот на трофејот во Сеха лигата, Вардар Про во ракмите на шестото коло на домашен терен го совлада Борац со 36:25.

Најефикасни во триумфот на Вардар беа Недановски и Рајковиќ кои постигнаа по пет погодоци.

„Црвено-црните“ со оваа победа се израмнија на врвот на табелата со Загреб Кроација осигурање, двата тима имаат по 13 бодови, но хрватскиот тим има натпревар помалку.

Загреб во петок ќе игра со вториот македонски преставник во натпреварување Металург.