Екипата на Вардар го „сомле“ Ловќен пред своите гледачи победувајќи го со 36-19 во седмата рунда од регионалната ракометна лига (СЕХА).
Македонскиот ракометен првак настапи во комбиниран состав, но тоа не им попречи да им направат ракометно шоу на своите навивачите кои се верна сенка на нивниот клуб.
Со овој убедлив триумф Вардар изби на првата позиција на табелата со 16 бода, еден повеќе од второпласираниот Татран Прешов. Дуелот со Ловќен беше загревање за мечот со Вакер Тун во четвртото коло од Лигата на Шампиони.
Мх.П.