Македонскиот вицепрвак Вардар забележа уверлива победа над хрватскиот Нексе 32-21 во петтата рунда од регионалната СЕХА лига.

„Црвено црните“ во текот на целиот натпревар имаа контрола врз играта и резултатот и ја запишаа четвртата победа во шампионатот.

Вардар со четири победи во пет натпревари се наоѓаат на втората позиција зад Веспрем кој има „шест од шест“.

Мх.П.