Македонските претставници во регионалната ракометна СЕХА лига, Вардар и Еурофарм Работник имаа успешен почеток победувајќи во воведните натпревари од новата сезона.
„Црвено црните“, очекувано, рутински се справија со Бејинг Спорт совладувајќи го со 37-23, додека „фармацевтите“ со 34-29 славеа на домашен терен со екипата на Спартак Москва.
- Честитки за противникот за прикажаната игра. Сакам да им честитам и на моите играчи за победата која за нас е историска. На стартот одигравме во грч и отворивме многу лошо, а Спартак тоа го казни. Ние не ги исполнивме нашите договорени работи од пред натпреварот, но подоцна истите ги коригиравме и се израдувавме на победата. – изјави тренерот на Еурофарм Работник, Стефче Алушовски.
Во втората рунда, Вардар силите ќе ги одмери со Мотор Запорожје во гости, додека, битолчани на домашен терен ќе сретнат со Металопластика.
OhridNews