Вицепрвакот во СЕХА Лигата, Металург забележа триумф над Слога во Добој со 26-23. Ова е втора победа за “металурзите“.


Гостинскиот триумф на Металург добива тежина бидејќи  е остварен со втората екипа без Наум Мојсоски, Филип Миркуловски, голманот Дарко Станиќ, Златко Мојсовски, Стевче Алушевски, Младен Ракчевиќ и новото засилување Ренато Вугринец,

Следен предизвик за ракометниот состав на Металург е Силкерборг во рамките од третото коло во Лигата на Шампиони.

Мх.П.