На екипата Татран Прешов од Словачка во една полусезона успеа во Скопје да ги совлада Вардар и Металург во регионалната СЕХА лига.


По триумфот над Вардар 37-34 словаците во осмата рунда со убедливи 32-23 ги „здробија“ избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар.

Целиот тек на мечот не наговестуаше ваков пораз на Металург, но словаците беа решени по втор да го покорат најракометниот град моментално во Европа.

Мх.П.