Ракометарите на Вардар со 38-21 (20-13) пред своите гледачи го совладаа составот на Татран Прешов во шестата рунда од регионалната СЕХА лига.


„Црвено црните“ без посериозни проблеми стигнаа до петтата победа во СЕХА лигата која ги зацврсти на лидерската позиција на табелата.

Во триумфот над Татран Прешов кој има само една победа сезона најмногу се издвои голманот Страхиња Милиќ кој заврши со 12 успешни интервенции.

Кај стрелците најпрецизен беше Алекс Душабајев со шест голови, еден помалку реализираше Русинот, Деревен, а на четири застана Чупиќ.

Оваа победа е одлична најава за скопските ракометари кои викендов против Кристијанштад ги започнуваат мечевите од Лигата на Шампиони.

OhridNews