Екипата на Татран Прешов им го нанесе првиот пораз на македонскиот ракометен првак, Вардар во сезоната победувајќи го во „Кале“ со 37-34.


„Црвено црните“ во текот на целиот натпревар имаа негатива, која моменти изнесуваше и седум погодоци. Избраниците на тренерот Зоран Кастровиќ се обидоа да го анулираат водството на гостите стигнаа до негатива од два погодоци, но немаа сила за целосен пресврт.

Најефикасен во составот на Вардар е крилниот ракометар Тимуш Дибиров со девет голови. Голманскиот тандем Муламбрес – Ангелов имаа по осум интервенции додека гостинскиот Крупа имаше 15 успешни одбрани. Со 11 погодоци најпрецизен на мечот беше ракометарот на Татран Прешов, Урбан.

По поразот на домашен терен „комитите“ паднаа на четвртата позиција со седум бодови, а Татран Прешов е на второто место со два бодови повеќе.

Мх.П.