Екипата на Вардар, на крилата од левиот бек Филип Талески и голманот Борко Ристовски го совлада Нексе со 27-26 (15-12) и ја запиша втората победа во сехалигашкото друштво.
Репрезентативецот на Македонија, Талески одигра многу добар натпревар, покажувајќи дека се уште не го кажал последниот збор. Во првото полувреме кога Вардар ја направи предноста, Талески постигна четири погодоци. Нексе и покрај констатната негатива не се предаде и на почетокот од последната минута имаше напад за егал. Тогаш на сцена настапи Ристовски кој со двојна интервенција го одржаа минималното водство, кое на крајот се покажа сосема доволно за победа.
Покрај Талески, шест погодоци зад своето име запиша и Иван Чупиќ. На четири застана Ловро Јотиќ, а по три пати прецизни беа Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров. Кај гостите Јанко Кевиќ постигна седум голови.
OhridNews