Возбудувањата и натпреварите во новата сезона од регионалната СЕХА лига ќе започнат на 10 октомври, информираат од седиштето на СЕХА лигата.
Сезонава ќе учествуваат десет екипи, кои се поделени во две групи. Ждрепката за групите беше полудиригирана и екипи од иста земја неможеа да се најдат во иста група.
Македонски претставници во СЕХА лигата се вицепрвакот Вардар и битолскиот клуб Еурофарм Пелистер.
„Црвено црните“ во Групата А се заедно со Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе Нашице. Еурофарм Пелистер доби потешка група и силите ќе ги одмери со Веспрем, Загреб и Мешков Брест.
OhridNews