Бранителот на трофејот во регионалната СЕХА лига, Вардар претрпе убедлив пораз 30-22 на гостување во Брест од тимот на Мешков.


Во репризата од минатогодишното финале пресуди желбата и волјата кај домаќините кои повеќе ја посакуваа победа.

Стратегот на „црвено црните“ Раул Гонзалес Гутиерез ги одмораше главните играчи за престојниот дуел со Веспрем во Лигата на Шампиони.

Поразот од Мешков е втор за ракометарите на Вардар во регионалната ракометна лига.

Мх.П.