Македонските преставници во регионалната ракометна СЕХА лига, Вардар Про
и Металург, во среда навечер, ќе ги одиграат натпреварите од 13.коло.

Бранителот на титулата во оваа конкуренција, Вардар Про, од 19 часот ќе
гостува во Љубишки кај една од најслабите екипи во лигата – Извиѓач.

Металург, од 18 часот, во Автокоманда ќе ја пречека Слога од Добој,
единствената екипа која во досегашниот тек од првенството нема освоено
ниту еден бод.

Лидер на табелата во СЕХА лигата е Брест Мешков со 28 бодови, втор е
Загреб со 26, а потоа следуваат Металург со 24 и Вардар Про со 23
бодови.

“Макфакс“