Ракометарите на Металург убедливо го поразија Извиѓач со 28:18 (14:7), во натпревар од регионалната СЕХА лига.

Македонскиот шампион против босанскиот преставник, во целост ја оправда
фаворитската улога, без проблеми ги освои бодовите и стави крај на
серијата од два порази, против Вардар Про 26:27 во СЕХА лигата и Киелце
21:23 во Лигата на шампиони.

Екипата на Лино Червар ја забележа петтата победа во регионалната
конкуренција и со 15 бодови се наоѓа на петтото место на табелата,
Металург со натпревар помалку има четири бодови помалку од лидерот
Загреб.

Во следното коло во СЕХА лигата, Металург на 4.декември ќе го пречека
словачкиот Татран Прешов, претходно македонскиот првак ќе му гостува на
Киелце во Лигата на шампиони.

“Макфакс“