Македонскиот ракометен првак Вардар забележа убедлив триумф против Војводина 31-20 додека вториот македонски преставник во СЕХА лигата, Металург ремизираше со Нексе 24-24.
Со оваа победа Вардар се врати на победничките патеки откако минатото коло на домашен терен претрпе пораз од Татран Прешов.
За избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар ова е второ реми по она во првото коло со Вардар.
Мх.П.