Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар продолжија со одличната игра во СЕХА лигата и триумфираа со 24-22 на гостувањето кај Ловќен. Бранителот на трофејот Вардар ПРО ремизираше 28-28 на гостување кај шесто пласираниот Татран Прешов.
Со девет победи и четири пораз Металург е на третата позиција додека “црвено црните“ со осум победи и две нерешени средби се на четврата позиција. Лидер на табелата со 31 бод е Мешков Брест, а второпласиран е хрватскиот преставник Загреб.